🏅 ПРОБИШТИПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ СО ТРИ МЕДАЛИ НА РЕПУБЛИЧКИТЕ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ
Пробиштипските пензионери освоија две златни и еден бронзен медал, како и две четврти места на Републичките спортски натпревари на пензионерите од Македонија
.
Според објавените информации, Здружението на пензионери од Пробиштип го освоило четвртото место во генералниот пласман, во конкуренција на 53 здруженија.
Градоначалникот Тони Тоневски ги пречекал учесниците и им честитал за постигнатите резултати, истакнувајќи дека спортскиот дух, упорноста и желбата за успех немаат возраст.
Бесплатни кошаркарски тренинзи за деца од 8 до 14 години во Пробиштип
Компанијата „Булмак 2016“, во соработка со градоначалникот Тони Тоневски, го претстави проектот „Кошарка за секое дете“
.Проектот овозможува бесплатни тренинзи за момчиња и девојчиња од 8 до 14 години.
Предвидени се спортски реквизити, кошаркарска опрема за натпреварувачките селекции и учество во категориите М12 и М14.
Програмата ќе ја подготви младинскиот селектор Александар Јованчев, со вклучување локални тренери.
Проектот е планиран за четиригодишен период.
Рок за пријавување: 30 октомври 2026
Никола Пеншов – 070/249-331
Александар Бранковски – 075/333-531

