НОВО ОД ПРОБИШТИП – ПОЛИЦИСКА ХРОНИКА
3 ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ ПО ПРЕТРЕСИ ВО ПРОБИШТИП И ЗЛЕТОВО
12 октомври 2026
МВР информира дека вчера, 11 октомври, при полициска акција во Пробиштип и Злетово биле приведени три лица на возраст од 23, 30 и 34 години.
При претресите биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, дигитални ваги и други предмети.
Против тројцата е поднесена кривична пријава, а на едно лице му е определен притвор од 30 дена
.Извор: МВР – официјално соопштение, 12.10.2026.
ПРОБИШТИП: СРЕДБА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕЛИОТ СТАП
По повод 15 Октомври – Светскиот ден на белиот стап, во Пробиштип се одржа средба посветена на правата, потребите и секојдневните предизвици на слепите и слабовидните лица.
На средбата беше истакната важноста од поголема општествена поддршка, еднакви можности и подобра пристапност за лицата со оштетен вид.Општина
Пробиштип информира дека преку годишната програма за социјална заштита обезбедува субвенции за комунални услуги за оваа категорија граѓани.
Пораката од средбата е јасна: вистинската грижа се покажува преку конкретни дела, почитување и еднакви можности за сите.
Извор: Општина Пробиштип, 15 октомври 2026 година.

